Леброн и Дончиќ добија засилување за напад на титулата

Центарот Деандре Ејтон се согласи на двегодишен договор со Лос Анџелес Лејкерс откако го финализираше раскинувањето на договорот со Портланд Треилблејзерс, според информациите од НБА инсајдерот Шамс Чаранија.

Договорот ќе му донесе 8,1 милиони долари од Лејкерс оваа сезона, покрај дополнителните 25,6 милиони долари што Портланд сè уште му ги должи, со што неговата вкупна заработка ќе достигне приближно 34 милиони долари.

Ејтон сега им се придружува на Лејкерси, на кои очајно им е потребен голем играч откако го продадоа Ентони Дејвис во Далас Маваерикс во февруари, во размената со која Лука Дончиќ се пресели во Лос Анџелес.

Репрезентативецот на Бахамите има просек од 16,4 поени и 10,5 скокови во кариерата, додека шутира со 59% од поле во текот на седум сезони, а многумина веруваат дека тој е играчот што им недостасуваше на Дончиќ и Леброн Џејмс.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО