Македонија ќе има двајца учесници на ЕП во Италија

Македонскиот атлетичар, Андреас Трајковски, според остварениот ранкинг доби право да учествува во скок во далечина на Европското првенство кое ќе се реализира од 7 до 12 јуни во Рим. Тој во Италија ќе му се придружи на Дарио Ивановски, кој претходно си обезбеди норма за учество во полумаратонот.

Андреас ќе настапи во квалификациите во скок во далечина на 7 јуни и доколку ги помине, ќе биде дел од финалето на 8 јуни. Ивановски, пак, ќе трча на полумаратонската трка на 9 јуни.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО