Мајката на Килиан Мбапе со коментар за тоа каде ќе се пресели фудбалерот

Светските медиуми веќе пишуваат за доаѓањето на Килиан Мбапе во Реал Мадрид, но тоа уште официјално не е потврдено.

Францускиот фудбалер неодамна потврди дека заминува од Париз, но не најави кој ќе биде следниот чекор, иако сите веќе знаат каде ќе заврши тој.

На забавата која беше организирана од Мбапе поради заминувањето од Париз, мајката на Килиан, Ламари, беше прашана за тоа каде ќе се пресели фудбалерот, таа кратко и јасно одговори..

– Па мислам дека веќе тоа сите го знаете, порача Ламари, јасно алудирајки дека прашање на денови е кога ќе дојде потврдата од Реал Мадрид.

Тој во Мадрид оди како слободен играч, а ПСЖ иако го плати 200 милиони евра, за него нема да добијат ниту евро, бидејки неговиот договор заврши.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО