Арне Слот: Понудата на Ливерпул „тешко се одбива“

Холанѓанецот Арне Слот вели дека можноста да работи во еден од „најголемите клубови во светот“ била „тешко да се игнорира“, по официјалната потврда дека ќе биде нов, главен тренер (не менаџер!) на Ливерпул.

„Црвените“ се договорија за компензација во вредност од 9,4 милиони фунти со Феенорд во април, откако 45-годишниот Слот беше идентификуван како човекот што ќе го наследи Јирген Клоп на „Енфилд“.

По натпреварот против Вулверхемтон во неделата, Клоп, 56-годишниот Германец, кој беше на чело на Ливерпул од октомври 2015 година, ги повика навивачите да му дадат поддршка на Слот кој со тренерската функција официјално ќе почне на 1 јуни.

– Не е лесно да се затвори вратата зад себе во клуб во кој сте доживеале толку многу прекрасни моменти и успешно сте работеле со многу прекрасни луѓе. Но, како човек од спортот, тешко е да се игнорира можноста да се стане главен тренер во Премиер лигата, во еден од најголемите клубови во светот, изјави Слот за клупската интернет-страница на Феенорд.

Слот го предводеше Феенорд до титулата во Ередивизија во 2023-та, а сезонава го освои Купот на Холандија и беше втор во лигата. Се верува дека напаѓачкиот стил на тимовите на Слот, неговата личност и способноста да развива играчи биле клучни фактори што го направиле најдобриот избор на Ливерпул за оваа работа.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО