Лара Гут-Бехрами си обезбеди голем и мал кристален глобус 

 Швајцарката Лара Гут-Бехрами ја освои титулата во Светскиот ски-куп, иако на велеслаломската трка во австрискиот Салбах заврши дури на десеттото место.

Овој резултат за Швајцарката и беше доволен за да си обезбеди мал и голем Кристален глобус. На две трки пред крајот Лара Гут-Бехрами е недостижна за конкуренцијата и стана највозрасната шампионка на Светскиот Куп, но исто така си ја обезбеди и првата позиција во велеслалом. За неа ова е прв голем Кристален глобус од 2016 година.

Што се однесува до денешната велеслаломска трка, првото место ѝ припадна на Федерика Брињоне која имаше време 2:20,05. На втората позиција се пласира Алс Робинсон со 1,36 секунди заостанок, а третото место го зазеде Теа Луиза Стјернесунд со 1,67 секунди задоцнување. Лара Гут-Бехрами во моментов е лидер и во категориите спуст и супервелеслалом, додека мал Кристален глобус во слалом веќе освои Микаела Шифрин.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО