Ѓоковиќ за документарецот на Федерер, но и за неговиот што е во подготовка

Откако се пласираше во третото коло на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ на конференцијата за печатот откри дека се’ уште не го гледал документарецот за Роџер Федерер, но и оти добил делови каде што Швајцарецот зборува за него. И, по сопствено признание, има позитивни впечатоци.

– Не го гледав, но добив секвенца од филмот каде што тој зборува за мене. Пријатно сум изненаден што на убав начин зборуваше за мене и го опиша моментот кога се прости на Лејвер купот,  изјави Новак.

Потоа објави голема вест велејќи дека неговиот документарец исто би можел да биде готов крајот од оваа или на почетокот од следната година.

– Долги години планирам документарен филм. Во последните две-три години имаше неколку промени. Во однос на тоа со кого работиме, кои се режисери, продуценти…

Има многу такви промени. Не знам за кој датум станува збор, но идејата е документарниот филм, барем првиот дел, бидејќи има многу материјал, да излезе кон крајот на годинава или на почетокот од следната година. Ќе ве известам кога ќе знам повеќе, нагласи Ѓоковиќ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО