Режисерот на филмот „Ф1“: Новинарите се тие што намерно ги „дуваат“ буџетите?

За време на неодамнешното интервју за „Дедлајн“, режисерот на филмот „Ф1“, Џозеф Косински откри дека буџетот на филмот не бил 300 милиони долари, иако медиумите го тврдат спротивното.

Според него, новинарите се тие што, наводно намерно ги „дувуваат“ буџетите, но со вакво нешто никогаш не се сретнал, како во случајот со „Ф1“.

– Никогаш не сум сретнал буџет кој бил толку надуен. Немам поим од каде е оваа бројка, вели Косински.

Филмот го следи измислениот тим Апекс, кој ја регрутира Ф1 ѕвездата во подем, Џошуа Пирс (Дејмсон Идрис).

Сфаќајќи дека на младиот талент му треба искусен ментор, сопственикот на тимот (Хавиер Бардем) го поканува својот стар пријател Сани Хејс (Бред Пит), тркачки ветеран кој се натпреварувал во Ф1 во 1990-те, да ја игра улогата на партнер на Пирс.

Премиерата на филмот ќе биде на 27 јуни 2025 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ




НАЈНОВО