Гвардиола не го сака во Сити, им го нудат на Јувентус и на Интер

Дефанзивецот на португалската репрезентација и на Манчестер сити, Жоао Кансело (30) понуден му е на Јувентус и на Интер, пренесуваат италијанските медиуми.

Кансело е член на Манчестер сити од 2019 година, но последните 18 месеци ги мина на позајмица во Баерн Минхен и во Барселона.

Менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола очигледно не сака да го задржи Португалецот на „Етихад“, па неговиот агент Жорге Мендеш почна да бара нова дестинација. Весникот „Ла Стампа“ (La Stampa) наведува дека Кансело им е понуден на Јувентус и на Интер, клубови во кои веќе настапувал.

Кансело настапуваше За Интер во сезоната 2017/18, а една година подоцна мина во „старата дама“ од Торино. Вкупно, тој одигра 51 натпревар во Серија А, постигна два гола, со шест асистенции.

Неговиот договор со Сити е до јуни 2027 година, а „Граѓаните“ се подготвени да го пуштат за околу 25 милиони евра. Тој пристигна во Сити од Јувентус за 30 милиони евра, плус дефанзивецот Данило, што беше вкупно околу 65 милиони евра.

Кансело играше со репрезентацијата на Португалија на ЕП во Германија, која се прости од натпреварувањето по поразот од Франција во четвртфиналето, по изведување пенали.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО