Дончиќ: Следен е Бостон, мора да играме одлично во финалето

Словенецот пред големото финале изјави дека тој и неговите соиграчи имаат уште работа.

 

-Тоа беше многу тешко патување, но не е готово. Има уште работа, треба да дојдеме до уште четири победи, но мислам дека заслуживме да славиме малку денес. Ова е лудо. Ние сме одличен тим. Но, она што е поважно е дека имаме одлични момци во тимот, од играчи до тренер. Се држиме заедно, играме кошарка, успеавме да победиме неколку многу добри тимови на патот до овде. Сега ја чекаме најдобрата екипа во лигата која имаше најдобар скор во лигашкиот дел. Мора да играме одлична кошарка за да ги победиме, истакна Дончиќ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО