Дончиќ ги предупредува колегите: Ништо не е готово!

Лука Дончиќ се обиде да ја повика својата екипа на трезвеност, бидејки како што самиот вели, се уште ништо не е готово.

Далас навистина има комотна предност во конференциското финале против Минесота, но од големото финале ги дели уште една победа и токму словенечкиот кошаркар посочи на тоа.

– Уште една победа ни е потреба, се уште ништо не е готово. Минесота има фантастичен тим, така да работите не се завршени. Мора уште еднаш да победиме, па дури тогаш да се констатира дека сме во глемото финале. Не знам што да кажам, чувството е одлично.

– Мора да размислуваме веќе сега за четвртиот меч, мора да му пристапиме со ист менталитет. Нема да се предадеме. Нема шанси. Мора да се подготвиме за следниот или последниот меч со Минесота. Ова беше една од најдобрите наши победи сезонава, порача Лука Дончиќ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО