Чави нема да губи време: Ќе го гледаме ли наскоро во Премиер лигата?!

Чави Ернандез по заминувањето од Барселона, веројатно нема да сака да седи на страна и од таму да ги гледа работите во европскиот фудбал, па веројатно ќе си најде нова дестинација за работа.

Се верува дека по Барселона, Ернандез ќе ја менува лигата, односно земјата во која ќе работи и се шпекулира дека Чави наскоро можеме да го видиме во Англија.

Со оглед на тоа дека Челси деновиве го ослободи Покетино од обврските, ова се наметнува како една доста реална опција за шпанскиот стратег.

Наводно првиот чекор е веќе направен, но Чави треба прво да заврши целосно со обврските во Барселона, со цел да може детално да се посвети на преговорите со Челси.

Ернандез имаше добра ланска сезона во Барселона, додека оваа што заврши деновиве, не беше така успешна за нив, па од таму произлезе и желбата на бордот на клубот да се разделат со досегашниот стручнак.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО