Џулијан Алфред сака медал од ЛОИ во Париз

Откако ја освои светската титула на 60 метри во сала во Глазгов, Џулијан Алфред изјави дека има големи очекувања од Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз.

Спринтерката од Сент Лусија, сака да се искачи на пиедесталот на најголемиот спортски настан на планетава.

– Навистина не им обрнувам многу внимание на медиумите, но дома имам многу навивачи кои му испраќаат пораки на моето семејство Дефинитивно сакам медал во Париз, златен, сребрен или бронзен на 100 и 200 метри, изјави 22-годишната атлетичарка.

Минатата година таа постави колеџ рекорди во САД освојувајќи ги титулите на 60 и на 200 метри.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО