Дејвис куп: Познати градовите домаќини на натпреварите во групната фаза

Според годинашниот тениски календар турнирите ќе се одржат од 10 до 15 септември во Болоња, Манчестер, Валенсија и во Жуаи. Ждрепката за составот на групите е закажана за 19 март.

Во однос на 2023 година има само една промена. На местото на хрватскиот Сплит, една од групите ќе се префрли во Кина.

Во групната фаза ќе настапат бранителот на трофејот, Италија, потоа Австралија, Аргентина, Белгија, Бразил, Велика Британија, Германија, Шпанија, Канада, Холандија, Словачка, САД, Финска, Франција, Чиле и Чешка.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО