Бајлс ја освои рекордната, деветта титула во повеќебој

Американската гимнастичарка, Симон Бајлс ја освои рекордната деветта национална титула во повеќебој на вчерашниот натпревар на шампионатот на САД во Форт Ворт, Тексас.

Но, за да се пласира на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз, четирикратната олимписки шампионка ќе треба да ги мине американските олимписки квалификации кои ќе се одржат од 27 до 30 јуни во Минеаполис.

Во неделата, на вториот натпреварувачки ден, таа освои 59.300 поени, вкупно 119.750, далеку пред вицешампионката, Скај Блејкли (113.850).

Бајлс им се врати на натпреварите во август 2023 година, по двегодишна пауза по ЛОИ во Токио 2021 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО