Ансу Фати сака да се врати во Барса

Крилниот напаѓач на Барселона, Ансу Фати, кој минатата сезона беше на позајмица во англискиот Брајтон, проговори за својата иднина.

– Мојот план е јасен: сакам да успеам во Барселона, напиша Фати на социјалните мрежи.

Минатата сезона Ансу Фати одигра 30 натпревари за Брајтон, на кои постигна четири гола и забележа една асистенција. Во септември 2023 година, Шпанецот се пресели во Брајтон од Барселона, но во договорот не вклучува откупна клаузула. Проценетата цена на напаѓачот, според интернет порталот Трансфермаркт, е 25 милиони евра.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО