Артета верува во титула, но испрати порака до Вест Хем пред последното коло

Утре на ред е последното коло во Премиерлигата, кое ќе биде крајно возбудливо.

Манчестер Сити влегува со бодовна предност пред Арсенал, но и двете екипи имаат домашен натпревар. Лидерот Сити игра против Вест Хем, додека Арсенал навидум треба да има нешто полесна задача во мечот против Евертон.

Но како и да е, Микел Артета останува оптимист дека „топчиите“ утре ќе ја освојат титулата, а за такво сценарио им е потребен кикс на Сити.

– Оптимист сум пред последното коло, имам позитивна енергија. Ова беше една голема недела за сите нас. Но сега е најважниот момент, навистина сме возбудени, со нетрпение ја очекуваме недела. Мора да си ја завршиме сами работата прво. Мора да докажеме дека сме подобри а потоа да посакуваме ривалите да киксираат против Вест Хем. Се надевам дека ќе ни го исполнат сонот кој сите го живееме, порача Микел Артета.

Сити влегува како лидер со 88 бодови, додека Арсенал има 86, така да за Сити во игра е само победа, а на Арсенал е да го добијат Евертон и да чекаат кикс.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО