Она кое го избегнуваше девет години, сега мораше да го направи пред заминување од Ливерпул

Јирген Клоп не е баш некој голем миленик на социјалните мрежи, па упорно одбиваше да си направи профил на Инстаграм сите овие години додека го водеше Ливерпул.

Но по девет години авантура на „Енфилд“, Клопето како што популарно го нарекуваат, заминува а пред заминување, направи потег кој го избегнуваше цели девет години, си направи Инстаграм профил поради една цел, да остане во контакт со играчите и клубот.

Тој потврди дека неговиот профил е под името @kloppo, преку кој ќе може да комуницира и со навивачите. Веднаш по објавувањето, Клоп направи стотици илјади фанови ширум светот.

– Сакам да останам во контакт со вас, дури иако не сум тип кој сака социјални мрежи, сепак луѓето ме убедија дека помагаат при комуникација. Па, се гледаме, порача Јирген Клоп.

Да потсетиме, Јирген Клоп утре ќе се прости од клубот по цели девет години поминати на Енфилд. Англискиот клуб како наследник на Клоп го добива тренерот на Феенорд, Арне Слот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО