Оскар Пјастри е победник на трката за ГН на Унгарија во Формула 1. Aвстралиецот го оствари својот првиот триумф во кариерата во чудна трка, откако во финишот неговиот клупски колега Ландо Норис доби тимска наредба да го пропушти.
Пјастри одлично стартуваше од втората позиција и го презеде водството на трката, додека Верстапен се проби до второто место. Сепак, стјуардите оценија дека со напуштањето на патеката тој стекнал предност на недозволен начин и морал да му ја врати позицијата на Норис.
Од тој момент возачите на Мекларен ја контролираа ситуацијата на врвот. Во финишот, тимот на Мекларен го повика Норис во боксот и практично му дозволија да се врати прв. До крајот сакаа да го вратат Пјастри на првата позиција, па инсистираа Норис да го припушти, што и се случи на три круга пред крајот.
Иако крајот е контроверзен, Оскар ја заслужи својата прва победа.
Интересна беше борбата за третото место меѓу актуелниот шампион Макс Верстапен и Луис Хамилтон. На крајот Хамилтон се искачи на подиумот, а Верстапен дури и беше претекнат и од Леклер, па заврши на петтото место.
Во генералниот пласман води Макс Верстапен со 265 поени, второпласиран е Ландо Норис со 189 поени, додека трет е Шарл Леклер со 162 поени.