Британецот Луис Хамилтон ја забележа својата прва победа како возач на Ферари, триумфирајќи на патеката „Каталуња“ во Барселона.
За Хамилтон ова беше вкупно 106-та победа во кариерата, но прва откако се приклучи на легендарниот италијански тим, што на успехот му дава дополнителна тежина.
-Пред сѐ, сакам да им се заблагодарам на сите овде. На мојот тим во Ферари, на сите во фабриката во Маранело, како и на Фред Васер што веруваше во мене и ме донесе во овој тим.
Ова е чекор кон остварување на еден сон, кој минатата година изгледаше речиси невозможен, но никогаш не ја изгубивме надежта“, изјави Хамилтон по трката.
Британецот нагласи дека поддршката од тимот била клучна во процесот на адаптација и напредок.„Тимот постојано ме мотивираше и ми даваше поддршка. Направивме многу промени и бројни подобрувања. Покрај тоа, ги имам најдобрите навивачи што еден спортист може да ги посака и затоа им благодарам на сите“, додаде Хамилтон.