Откако стана јасно дека по завршувањето на сезоната во Премиер лигата, тренерот на Брајтон, Роберто Де Зерби, ќе си замине од тимот, италијанскиот стратег проговори за следната дестинација.
– Ниту еден тим досега не ми понудил нешто конкретно. Засега – ништо. Се надевам дека повторно ќе работам во Премиер лигата. Не знам во кој клуб и кога ќе се случи тоа, но ми беше чест и гордост да работам во Премиер лигата и затоа би сакал да останам тука, изјави Де Зерби за Би-би-си.