Џиро д’Италија: Погачар растура, веќе има недостижна предност!

Словенецот Тадеј Погачар во блескав соло напад ја заврши 15-та етапа и го зголеми водството во генералниот поредок на Џиро д’Италија за речиси три минути, односно сега има предност од 6,41 минути пред Британецот Герент Томас на второто, односно  6,56 минути пред Колумбиецот Дани Мартинез на третото место

На „кралската етапа“  долга 222 км, со повеќе од 5.400 метри искачување Погачар уште еднаш покажа дека е за класа над останатите ривали во Италија. Тој ја нападна групата фаворити на 14 км до крајот, потоа набргу им побегна и успеа го стигне водечкиот, победникот во 2014-та, Колумбиецот Наиро Кинтана, на два километри до крајот. Квинтана се обиде да пружи отпор, но сепак задоцни 29 секунди на целта.

– Ова беше еден од моите најдобри денови, можеби не најдобриот во мојата кариера, но беше навистина убава етапа, добра патека со убави искачувања. Мојот тимот заврши супер добра работа. Ја имавме на ум оваа етапа уште од, не знам, декември или што и да е. Супер среќен сум што се’ држевме под контрола и што победив на кралската етапа во Ливињо, едно од моите омилени места во Италија, рече тој.

За Погачар ова беше четврта етапна победа на дебито на Џиро д’ Италија и, доколку не се случи нешто непредвидено, и прв триумф. Погачар годинава ќе се обиде да победи и на Тур де Франс, каде што веќе двапати беше најдобар (во 2020 и 2021-та), редок подвиг што последен пат го оствари Италијанецот Марко Пантани во 1998-та.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО