Родри: Арсенал нема менталитет на шампион!

Еден од најдибрите играчи на Манчестер сити и сезонава, Шпанецот Родри зборуваше за шампионската трка со Арсенал до последното коло.

– Арсенал имаше неверојатна сезона, но менталитетот е тој што ја прави разликата. Кога дојдоа овде на „Етихад“, не сакаа да играат за да победат. Тие дојдоа само да не загубат. Тука се гледа разликата во менталитетот на шампионските тимови, рече Родри.

Арсенал заврши на второто место во англиската Премиер лига со 89 бода, два помалку од Манчестер сити кој по рекорден четврти пат го крена шампионскиот пехар.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО