Српскиот фудбалски репрезентативец, Александар Митровиќ се повреди на последниот меч на Ал Хилал во Саудиска Арабија. Митровиќ постигна два гола пред да ја напушти играта поради повреда во победата од 4:3 на неговиот Ал Хилал против Ал Шабаб.
Првичните информации велат дека повредата е посериозна, и оти Митровиќ го чека подолга пауза од фудбалските терени. Деталните лекарски прегледи ќе треба да дадат одговор дали тој ќе се опорави до јуни и да заигра на Европското првенство (ЕП) 2024 во Германија.