Стигнавме до крајот на Европското првенство во ракомет што изминативе две недели се одржуваше во Германија. Неделната програма ја отвори мечот за бронзен медал меѓу Шведска и Германија, во кој Шведска победи со резултат 34:31, а по ова не очекува финалето меѓу Данска и Франција.
Шведска поведе со 1:0 во првиот напад, Германија возврати со серија и сврте за 1:2 и тоа беше единственото водство на Германија на овој натпревар.
Во средината на првото полувреме шведска ураганска игра и голема серија. Во еден момент Швеѓаните поведоа со 14:7. До крајот на првото полувреме Германија малку ја намали негативата и при резултат 18:12 за Шведска се замина на одмор.
На стартот од вториот дел Шведска повторно оди на најголемите +7 (20:13), за да Германија повторно ја спушта предноста.
Во 51. минута Шведска водеше 29:25, но Германците немаа сили за голем пресврт. На крајот триумф на Шведска со резултат 34:31.
Како што се одвиваше играта, можеме да кажеме дека Швеѓаните сосема заслужено го освоија бронзениот медал, а домаќините на ЕП останаа без медал.
Кај Шведска, Феликс Клар постигна осум гола, одличниот Андреас Паличка забележа 18 одбрани на голот. Во редовите на Германија, Ренарс Ушинс постигна осум гола, а Андреас Волф забележа девет одбрани. Во големото финале од 17:45 се среќаваат Данска и Франција.