Познато е кога се игра Супер Купот помеѓу РК Вардар и ГРК Охрид

Мечот за трофеј во машкиот Супер Куп ќе се одигра на 3 септември и тоа меѓу тимот од Охрид како финалист во Купот на Македонија и шампионот Вардар.

Сеуште не се знае каде ќе се игра, односно градот и салата во која Вардар и Охрид ќе бијат битка за овој трофеј.

Инаку денеска беа излечени редните броеви, а со тоа се дозна и распоредот во новата сезона во ракометната Суперлига

И веднаш на стартот, големо дерби и тоа меѓу ГРК Охрид и Пелистер, Вардар се среќава со вториот тим на Пелистер а Алкалоид игра против Мулти Есенс.

Сезоната стартува на 6/7 септември.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО