Хорнер лут на Волф: Нека престане да зборува за возачите кои не може да ги добие

Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер остро реагираше на коментарите на неговиот колега од Мерцедес, Тото Волф за Макс Верстапен. Хорнер преку медиумите му рече на Волф да престане да зборува за пилоти кои имаат активни договори и не се достапни за преговори.

– Имам намера внимателно да го разгледам секој збор што ќе го кажам. Ме прашувате дали сме разговарале со Макс за зборовите на Волф? Зошто да разговараме? Ние не зборуваме за за нешто што е потполно јасно. Макс има договор до крајот на 2028 година. Мислам дека за проблемите на Тото не се виновни неговите возачи. Мислам дека има и други работи за кои треба да размислува наместо да зборува за возачите што не може да ги добие. Не знам уште колку пати треба да му го кажам ова, изјавил Хорнер.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО