Штруф на 33 години ја освои првата АТП титула

Германскиот тенисер Јан-Ленард Штруф, светски рекет број 28, денеска ја освои својата прва АТП титула во кариерата. Тој го победи 15-тиот светски рекет Тејлор Фриц, во финалето на турнирот на земјена подлога АТП-250 во Минхен (Германија) со 7:5, 6:3.

– Ова е неверојатно чувство и особено што е резултат направен на домашен терен. Толку долго чекав! Имам 33 години и во тенисот сум многу долго време. Неверојатно е чувството да се победи и тоа токму овде во Германија, изјавил Штруф.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО