Терзиќ: Посакувам Санчо да одигра како на првиот меч во Дортмунд

Тренерот на Борусија Дортмунд, Един Терзиќ, вели дека не знае дали Џејдон Санчо ќе остане во клубот и наредната сезона, но рече оти очекува англискиот крилен напаѓач повторно да биде во главна улога против ПСЖ и на вечерашниот, реванш полуфинален натпревар во Лигата на шампиони (ЛШ)

Санчо (24) беше извонреден во победата на Борусија над ПСЖ со 1:0 на домашен терен во првото полуфинале минатата среда.

– Разговаравме за краткорочната иднина. Сега не’ очекува многу важен натпревар, можеби најголемиот натпревар во неговата кариера досега, им рече Терзиќ на новинарите на „Паркот на принцовите“ во пресрет на натпреварот.

Санчо се врати во Дортмунд во јануари на заем од Манчестер јунајтед, до крајот на сезоната. Спортскиот директор на Бундеслигашот, Себастијан Кел, во неделата изјави дека „ќе сторат се’“ за да го задржат во клубот каде што претходно играше четири години пред да биде продаден на Јунајтед во 2021 година.

– Навистина сме среќни со него, среќни сме што го имаме во нашиот тим. Мислам дека можете да почувствувате дека и тој е среќен што е со нас. Не знаеме до кога ќе продолжи приказната. Ова е дел од договорот, тој не е наш играч од 1 јули, но дотогаш ќе го направиме се’ да биде што е можно поспецијално, додаде Терзиќ.

Борусија Дортмунд пред 11 години го загуби финалето од Баерн Минхен на Вембли. Сега постои можност двата германски гиганти повторно да се сретнат, на истиот стадион.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО