Во март пријателски меч Шпанија – Бразил за кревање на свеста за проблемите со расизмот

Шпанија ќе одигра пријателски натпревар против Бразил на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид на 26 март за кревање на свеста за проблемите поврзани со расизмот.

Зачестеното расистичко злоставување на напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор од „навивачите“ во Шпанија, доведе до тоа двете фудбалски федерации да соработуваат околу организирање на натпреварот и да ја зајакнат посветеноста против насилството и расизмот под темата „иста кожа“.

Бразилецот Винисиус е мета на расистичка злоупотреба откако дојде да игра во Шпанија пред пет години.

Натпреварот на „Месталја“ помеѓу Валенсија и Реал Мадрид минатата сезона беше прекинат во второто полувреме откако бразилскиот репрезентативец идентификуваше навивач зад голот на Валенсија како го навредува врз расна основа.

Во објавите на социјалните мрежи по тој натпревар, Винисиус рече дека „расизмот е нормален во Ла лига“, додавајќи „во Бразил, Шпанија е позната како земја на расисти“!

Фудбалската конфедерација на Бразил и владата апелираа до шпанските власти да реагираат по расистичките напади врз Винисиус.

Во октомври, Ла лига откри систем за следење на омразата на социјалните мрежи како дел од борбата против расизмот. Претседател на ФС на Шпанија, Хавиер Тебас призна дека еден од неговите пропусти е „неоткривањето проблеми со расизмот што ги има во шпанскиот фудбал“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО