(ВИДЕО) НБА лига: Дончиќ собори рекорд на Далас стар повеќе од 40 години

Далас Маверикс го победи Шарлот хорнетс со 130:104 и стигна до 15. победа на последните 17 натпревари и со скор 49:30, победи и порази, обезбеди настап во плеј-офот.

Словенецот Лука Дончиќ одигра уште еден одличен меч. Најдобриот стрелец во НБА сезонава (33,9 поени во просек) натпреварот го заврши со 39 коша, 12 скока и 10 асистенции, за 21-от трипл-дабл сезонава.

Севкупно, тоа беше негов 77-ми трипл-дабл во НБА кариерата, и со тоа се израмни со Џејмс Харден, на осмото место на листата во таа статистичка категорија.

Тоа што уште повеќе се издвојува од овој натпревар е тоа што Дончиќ постави рекорд на Далас според постигнатите поени во сезона. Моментално тој има дадено 2.341 поен. Претходно рекордот го држеше Марк Агире, со 2.330 поени во сезоната 1983/84.

– Ова многу ми значи. Играм за франшиза која ме избра на драфтот и ми ги даде клучевите во раце. Среќен сум што сум тука, изјави Дончиќ по натпреварот на кој постигна 21 поен во првата четвртина.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО