ЛШ: Карло Анчелоти со достигнување како ниту еден тренер пред него

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти (64) стана првиот тренер со 200 натпревари во Лигата на шампиони (ЛШ). Италијанскиот стручњак испиша историја во најквалитетното европско клупско натпреварување во фантастичниот четвртфинален натпревар меѓу Реал Мадрид и Манчестер сити (3:3).

До рекордот тој стигна во 21 сезона и со осум екипи: Парма (6), Јувентус (10), Милан (73), Челси (18), ПСЖ (10), Баерн (12), Наполи (12) и Реал Мадрид (59). Притоа оствари 114 победи, 45 ремија и 41 пораз.

– Тоа е големо достигнување. Се сеќавам на првиот натпревар, тоа беше против Спарта Прага, кога бев во Парма. Да се ​​достигнат 200 натпревари значи многу. Подвиг е да се преживее толку многу години во фудбалот, особено на моја возраст, рече Анчелоти.

Анчелоти е и тренер со најмногу титули во ЛШ (четири) и со најмногу победи (114). Тој освои две европски титули на клупата на Реал (2014 и 2022-та), и две на клупата на Милан (2003 и 2007-та).

Тој исто така е првиот и единствениот што предводел тимови во пет финалиња во ЛШ. Како играч, двапати го освои КЕШ/ЛШ со Милан (1989, и 1990-та), со што стана еден од седумтемина што го освоил КЕШ/ЛШ како играч и како тренер.

Анчелоти е и единствениот тренер кој ја освоил шампионската титула во петте најсилни европски лиги (со Милан, Челси, ПСЖ, Баерн и Реал Мадрид).

Зад него според бројот на натпревари во ЛШ е Алекс Фергусон со 190, а потоа следуваат Арсен Венгер (178), Пеп Гвардиола (168), Жозе Мурињо (145), Мирчеа Луческу (115), Диего Симеоне (101), Јирген Клоп (100), Масимилијано Алегри (100) итн.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО