(Видео) Калјари избори опстанок во Серија А

Фудбалерите на Сасуоло загубија на домашен терен од Калјари со 2:0. Екипата од Сардинија, која од клупата ја предводи Клаудио Раниери на коло пред крајот дефинитивно обезбеди опстанок во Серија А.

За разлика од Калјари, Сасуоло во последното коло гостува кај Лацио, а ниту победа не му гарантира опстанок.

Калјари до победатаго предводеа Матео Прати, кој ја погоди мрежата на домаќините во 72. минута и Џанлука Лападула, кој погоди од пенал во судиското надополнување.

Ова беше прва победа на Калјари по пет кола. Тимот од Сардинија сега има четири бода повеќе од Фросиноне и од Емполи, а седум бода повеќе од Сасуоло пред последниот натпревар сезонава, против Фиорентина.

 

 

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО