Украинците го освоија златото во „Златната лига“ во одбојка

Одбојкарската репрезентација на Украина го освои златото во „Златната лига“ победувајќи ја во финалето на фајнл-фор турнирот во Осиек, пред 1.500 гледачи, Хрватска, со 3:1 во сетови. За Украинците ова е второ злато во „Златната лига“, по првото по 2017 година.

Во полуфиналињата Украина ја совлада Чешка со 3:0, а Хрватска триумфира над Естонија, 3:2. Во мечот за трето место Чешка ја победи Естонија со 3:2.

За Хрватска ова е трет сребрен медал во оваа конкуренција, по 2006 и 2013 година. Минатата и предминатата година Хрватска освои бронза. Лани во полуфиналето Украина беше беше подобра од Хрватска.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО