Англија ја гледале 15 милиони на отворањето на ЕП

Премиерниот натпревар на Англија против Србија синоќа на „Би-би-си“ го гледале 15 милиони луѓе, повеќе од половина што вечерта гледале телевизиски програми. Натпреварот исто така бил „стримуван“ 3,5 милиони пати на „Би-би-си“ Иплеер.

– Без разлика дали станува збор за тензијата поради воведната победа на Англија, последиците од тешкиот почеток на Шкотска, возбудливите настапи на Германија и на Шпанија или за трогателната приказна во врска со Кристијан Ериксен три години по колапсот на теренот, одлично е што можеме да ги прикажеме најдобрите спортски приказни на „Би-би-си“, „Би-би-си“ Иплеер, радиото или онлајн, рече директорот на „Би-би-си спорт“, Алекс Кеј-Јелски.

Следниот натпревар на Англија, против Данска, во четврток, 20 јуни, од 18 часот исто така ќе се прикажува на „Би-би-си“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО