ФФ на Косово ја тужи ФФ на Србија до УЕФА и бара итна реакција?

Фудбалската федерација на Косово (ФФК) ја тужеше Фудбалската федерација на Србија (ФФС) во УЕФА поради, како што наведуваат, „политички, шовинистички и расистички пораки против Косово“ од српските навивачи на Европското првенство (ЕП) во Германија.

Во соопштението на ФФК, меѓу другото, се наведува: „Фудбалската федерација на Косово ја информира јавноста дека официјално реагираше до УЕФА поради истакнување знамиња, слогани и извици од српските навивачи со политички, шовинистички и расистички пораки против Косово за време на натпреварот Србија – Англија, во рамките на ЕП 2024.

Континуираното прикажување на такви пораки и извици на величенствен настан како што е ЕП е неразумно и апсурдно. Ваквите извици ја докажуваат омразата што се шири во јавното мислење во Србија кон соседите.

ФФК бара строги дисциплински мерки против ФФС, како повторувач на вакви случаи. Воедно, бараме од организаторите да бидат внимателни за да се избегне истакнување на вакви транспаренти на идните натпревари, бидејќи тие претставуваат сериозно прекршување на правилата на УЕФА.

Фудбалот и настаните како ЕП 2024 не смеат да се користат од шовинисти и расисти за промовирање говор на омраза“, се вели во соопштението.


 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО