Тибодо останува во Њујорк никс уште три сезони

Актуелниот тренер на Њујорк никс, Том Тибодо, потпиша нов договор со клубот, објави ЕСПН. Договорот е на три години што значи дека 66-годишниот стратег треба да остена во „Големото јаболко“ до летото 2028-та.

Тибодо ги водеше Никс во последните четири сезони, а во три од нив тимот стигна до плеј-офот. Минатата сезона, њујорчани ја завршија регуларната сезона во Источната конференција на второто место, зад шампионот Бостон селтикс.

Во конференциското полуфинале, Никс беа елиминирани од Индијана пејсерс, во седум меча.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО