Во обидот да го задржат Трент Александер-Арнолд што подолго во своите редови, првите луѓе на Ливерпул веќе почнале преговори со агентите на 25-годишниот дефанзивец за нов договор.
Актуелниот договор на Трент со Ливерпул е до јуни 2025 година, а приоритет на играчот е да остане на „Енфилд“, и покрај интересирањето од Реал Мадрид. Според информациите, „црвените“ ми понудиле на Трент продолжување на договорот до 2029 година.
Доколку Трент одбие да го продолжи договорот, тогаш „црвените“, според некои информации, размислуваат за трансфер на еден од фудбалерите на холандски Феенорд, Гертруда.