Словенија олимпиското злато ќе го награди со 70.000 евра

Паричните награди за словенечките златни медалисти во индивидуалните спортови на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз 2024-та ќе изнесуваат по 70.000 евра.

Златото во екипните спортови ќе вреди 390.000 евра, а селекторите ќе добијат по 67.000 евра, пари од буџетот и од ОКС, најави претседателот на Олимпискиот комитет на Словенија (ОКС), Фрањо Бобинац.

Поединечниот сребрен освојувач ќе се вреднува по 58.125 евра (тренер 55.500), а бронзениот 49.250 (тренер 47.000). Во колективните спортови, тимот ќе подели 390.000 евра за злато (Стручен штаб и други лица 171.000), за сребро 318.750 (140.250), а за бронза 267.500 (118.500).

На состанокот присуствувал и министерот за економија, туризам и спорт на Словенија, Матјаж Хан, кој соопштил дека 10-годишната национална програма ќе биде донесена наесен.

Тој и Бобинец ја истакнале и добрата соработка меѓу словенечкото олимписко движење, министерството и владата во последните две години, кога спортот прејде во новото министерство, од Министерството за образование.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО