Тетовчани веднаш ги реинвестираа парите од Елези – дресот на Шкендија го задолжи Крстевски

Како што е познато утрово екипата на Шкендија ја потврди продажбата на Дашмир Елези во Локомотив Загреб од Хрватска.

Па во истиот ден, но вечерва го промовираше првото свое засилување. Она што го најави „Спортклуб.мк“ пред неколку дена, денес доби и официјална потврда.

Имено 20 годишниот напаѓач Ване Крстевски својата кариера ќе ја продолжи во Шкендија.

Крстевски во сениорскиот тим почна да игра во натпреварувачката 2020/2021 од кога стана и стандарден првотимец на Брера за која има одиграно вкупно 72 натпревари во четири сезони при што има постигнато 8 гола и исто толку асистенции.

Во есенската полуетапа за Брера, младиот Крстевски одигра 17 натпревари и запиша 2 гола.

Како што веќе претходно објавивме висината на овој трансфер е 100.000 евра и 20 % од следниот трансфер на Ване.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО