СТОП за ВАР во Шведска: Ќе тргне ли пркосот за оваа технологија од Скандинавија?!

Пред неколку години кога ВАР системот беше воведен во посилните европски првенства, а со годините наваму, ова беше имплементирано насекаде, владееше голема еуфорија дека конечно ќе има фер одлуки во фудбалот, но сега и не го делат сите тоа мислење.

Се почести се големите грешки и лапсузи кои се прават од страна на ВАР технологијата и при прегледите во ВАР собата, па се почест е пркосот кон овој систем и се почесто повикуваат на негово укинување.

Во Шведска минатата година се правеа одредени анкети во кои клубовите од елитите изразија незадоволство од ВАР системот, па сега тоа најверојатно во таа земја ќе биде отфрлен од употреба.

– Доколку броиме исправно, имаме 18 екипи од елитата, кои кажаа дека не сакаат ВАР и негово воведување. Но не и од елитата, дури и нисколигашите не го сакаат тоа, истакна екс премиерот на Шведска, Рајнфелд.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО