Клоп посочи што го чека Арне Слот во Ливерпул доколку ја прифати нивната понуда

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, истакна дека неговиот потенцијален заменик, Арне Слот, би бил одлично решение за клупата на шесткратниот шампион во Европа.

Тој заминува по крајот на сезоната, а се уште лебди во воздух прашањето дали навистина тренерот на Феенорд ќе биде неговиот наследник.

– Не сум вклучен во процесот на барање на мој наследник, тоа морам да го разјаснам. Но Слот ми се допаѓа, ако е тој човекот за кого се интересира Ливерпул и доколку ја прифати понудата, тоа би било одличн о решение.

– Ми се допаѓа неговиот начин на игра, некои луѓе кои го познаваат, тврдат дека е добар за Ливерпул и верувам во тоа. Јас лично не го познавам лично, ми кажуваат дека е навистина добар како личност и дека би се вклопил во профилот на тренер кој го бара Ливерпул. Ако реши да ја прифати понудата, овде го чека возбудлива работа, порача Јирген Клоп.

Клоп во Ливерпул пристигна 2015 година и во девет години, освои ЛШ, освои Премиерлига, ФА Куп, Лига Куп (x2), Светско клупско првенство и Европски Суперкуп.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО