Надал звучи песимистички пред Ролан Гарос: Не знам, одлуката ќе ја донесам…

Рафаел Надал изминатиот период што поради повреда, што поради внимателност, прескокна неколку турнири, се со цел да биде подготвен за Париз и Ролан Гарос.

Но и за таму работата не му е сигурна, самиот тој потенцира во последното интервју дека не знае дали ќе биде доволно подготвен да игра, па со оглед на тоа, одлука нагласи дека ќе донел по турнирот во Рим.

– Одлуката околу тоа дали ќе играм на Ролан Гарос, ќе ја донесам по турнирот во Рим. Не би сакал да настапам во Париз без чувство дека можам да се натпреварувам. Не мислам само на победите, туку и околу тоа дали ќе дадам се од себе за публиката да биде задоволна.

Толку долго никогаш не сум бил надвор од терените, имав низа на операции. Едноставно не сакам да ширам дефетизам, туку да бидам реален, ајде да видиме што ќе се случи во Рим, па ќе донесам одлука, порача Рафа Надал.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО