Славниот германски тренер Јирген Клоп ќе биде новиот селектор на на репрезентацијата на својата Германија.
Дека Клоп ќе биде наследник на Јулијан Нагелсман на клупата на четирикратниот светски шампион се шпекулираше во претходните денови, а ова го потврдува и сознанието на фудбалскиот инсајдер Фабрицио Романо, кој во неделата пишува за постигнатиот договор меѓу двете страни. Клоп ги прифатил условите на Фудбалскиот сојуз на Германија (ДБФ).
Германија имаше лош настап на Светското првенство, доживеа елиминација во 1/16 финалето од Парагвај, што беше голем удар и целосен неуспех за фудбалска нација како Германија.
Нешто радикално мораше да се промени, па затоа челниците на ДБФ веднаш му го врачија отказот на Нагелсман.
Германците не сакаа повеќе да експериментираат и играа на сигурно со изборот на нов тренер. Брзо постигнаа договор со Клоп. Славниот тренер прв пат го кариерата ќе биде селектор.
Клоп сега мора да се договори со Ред Бул, со кого има договор како прв човек на фудбалските операции.
Очигледно, Ред Бул нема да му предизвика никакви проблеми и тој веќе бара ново име.
За Клоп, тоа ќе биде четврта работа во неговата тренерска кариера, но и прва како селектор. Претходно направи одлични работи во Мајнц, Борусија Дортмунд и Ливерпул.
Тој го напушти „Енфилд“ во 2024 година.
Foto:EPA