Спортинг по 20-ти пат шампион на Португалија

Спортинг Лисабон триумфира во португалската Примера лига, откако градскиот ривал Бенфика беше поразен Фамаликао со 0:2 во неделата.

Бенфика, шампионот од сезоната 2022/23, требаше да победи за да остане во конкуренција, но загуби, примајќи два гола во второто полувреме. Бенфика остана на второто место на табелата, со осум бода помалку од Спортинг на два меча до крајот.

За Спортинг кој во саботата го победи Портимоненсе со 3:0. ова е 20-та шампионска титула, прва од сезоната 2020/21.

Тренер на Спортинг е Рубен Аморим (39) кој беше поврзуван со преселба во Премиер лигата, во Ливерпул на местото на Јирген Клоп, а неодамна и како наследник на Дејвид Мојс во Вест хем.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО