Слот потврди дека се преговара со Ливерпул, но што ако не се договорат?

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, потврди денеска дека холандскиот клуб преговара со Ливерпул околу неговиот трансфер во Англија.

Слот во интервју за ЕСПН, пред натпреварот на Феенорд со Го Ахед Иглс, истакна дека е ставен на „чекање“, но дека има потполна доверба дека клубовите ќе постигнат договор.

– Мислам дека има шанси клубовите да се договорат за мојот трансфер, порача Слот.

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, најави дека по крајот на сезоната се повлекува, по девет години поминати на Енфилд.

Слот е тренер на Феенорд од 2021 година и ја освои холандската лига минатата сезона, а сезонава го освои Купот на Холандија со тимот од Ротердам.

Но доколку не успеат да се договорат, Ливерпул барем засега нема конкретно решение за тренерската позиција.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО