ПАО дојде до егал против Макаби: Атаман среќен, но жали за првиот меч

Кошаркарите на Панатинаикос победија против Макаби во вториот четвртфинален натпревар во Евролигата, со резултат (95:79) и изедначија во оваа серија.

Макаби подобро го отвори натпреварот, водеа неколкупати со десетина поени разлика, но следуваше брутален одговор од момците на тимот од Атина, за на крај тие да го свртат резултатот.

По натпреварот евидентно беше задоволството на лицето на тренерот на ПАО, Атаман.

– Горд сум на тимот, прикажаа одличен натпревар, не сметајки ја првата четвртина, потоа се беше подобро. Покажавме глад за успех, се боревме за секоја топка. Дојдовме до изедначување, но останува жалењето за првиот натпревар, но борбата продолжува, порача Ергин Атаман.

Следните два меча се играат во Белград на 30. април и 2. мај, а доколку таму не биде решен победникот, ќе се игра мајсторка во Атина, на 8. мај.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО