Силвер: Феникс ќе го организира Ол-стар викендот во 2027-та

Феникс санс,чија сала има капацитет од 18.422 седишта, ќе биде домаќин на НБА Ол-стар натпреварот во 2027 година, соопшти денеска комесарот на НБА, Адам Силвер.

– Не би можеле да бидеме повозбудени во моментов бидејќи работиме со претседателот на Санс, Мет Ишбија и со сите во клубот за тоа што сакаме да биде незаборавна прослава на нашиот спорт, изјави Силвер.

Сан Франциско ќе биде домаќин на Ол-стар викендот во 2025, а Инглвуд, град јужно од Лос Анџелес, на мечот на „ѕвездите“ во 2026 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО