Алонсо за иднината во Ф1: Допрва ќе решам дали сакам да продолжам

Двократниот светски шампион во Формула 1 (Ф1), Фернандо Алонсо (42), има договор со Астон Мартин тимот до крајот на сезоната.

Иако дел од медиумите најавија дека може да го наследи Луис Хамилтон во Мерцедес, Шпанецот е категоричен дека допрва ќе донесе одлука дали ќе остане во спортот.

– Прво треба да решам дали сакам да продолжам. За да бидам 100 отсто подготвен за Формула 1, морам да жртвувам се’ друго, тоа ќе биде одлучувачко. Ќе биде себично само да го обновам договорот за да бидам возач во Ф1, да патувам низ светот и да бидам кул. Јас не сум таков човек, истакнува Алонсо.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО