Голем спектакл вечерва: Нгану и Џошуа боксуваат во Саудиска Арабија

Вечерва во Саудиска Арабија се очекува голем боксерски спектакл во кој во рингот ќе се соочат Френсис Нгану и Ентони Џошуа.

Крајот на мечо во Ријад најверојатно еден од двајцата боксери нема да го дочек на нозе! Тоа ќе биде борба меѓу дваjца боксери кои најчесто дуелите ги завршуваат со нокаут, па ќе биде вистинско чудо доколку Нгану и Џошуа ги издржат сите десет предвидени рунди.

Нгану (37 години) е поранешен шампион на УФЦ во тешка категорија, а во досега единствената борба во професионалниот бокс, тој со контроверзна одлука на судиите беше поразен, од веројатно најдобриот боксер на денешницата, Тајсон Фјури.

Џошуа (34) има забележано 27 победи во 30-те професионални борби, од кои 24 со нокаут. До пред две и пол години тој ги држеше сите појаси во тешка категорија освен ВБЦ, а ги загуби во борба против Украинецот Олександр Усик.

На победникот ќе му биде доделена привремената титула на ВБО во тешка категорија. Настанот во Ријад започнува во 18, а Нгану и Џошуа се очекува да влезат во рингот околу 2330 часот.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО