Шведска и Данска редат победи и се најблиску до полуфиналето на ЕП

Бранителoт на титулата Шведска со убедлива победа против Словенија, 28:22 во Хамбург ја отвори втората рунда натпревари во Групата 2, на Европското првенство (ЕП) во ракомет во Германија.

Најзабележителен кај Швеѓаните беше голманот Андреас Паличка, играчот на мечот, кој имаше 14 одбрани, или 50 настотна успешност!

Швеѓаните имаат наксимален ефект на ЕП, ова беше нивна четврта победа на четирите натпревари. Тие по втор пат во историјата го почнуваат ЕП со четири победи по ред. Првиот пат кога го забележаа тоа, во 2002 година, ја освоија титулата.

Словенците го претрпеа првиот пораз , по трите победи.

Трикратниот светски првак во низа, Данска исто исто така забележа четири победи и сигурно чекори кон битките за медали. Во првиот натпревар од главната рунда, Данска ја победи Холандија со 39:27.

Матијас Гидсел беше најефикасен со девет гола.

Португалија беше подобра од Норвешка, 37:32. Играчот на мечот, Педро Портела беше најдобар стрелец на Португалија со осумте гола од осумте обиди.

Шведска и Данска се на врвот на табелата во групата, со по четири бода, два бода повеќе од Словенија и од Португалија што значи дека се главни фаворити за пласман во полуфиналето.

Сандер Сагосен, Харалд Рајнкинд и Кристијан О’Саливан со 38-те одиграни на ЕП за Норвешка го надминаа досегашниот рекордер, Бјарте Мирхол.

Денеска се играат три натпревари од Групата 1 во Келн.

Двојките се: Унгарија – Австрија (15.30), Франција – Хрватска (18) и Германија – Исланд (20.30 часот).

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО